Во 1994 година Александар Пајковски и Коце Петров го основаа претпријатието и веќе петнаесет години работат на реализација на заедничката визија - да изградат успешна IT компанија, која со своите решенија ќе може да се натпреварува со компаниите од развиените земји. Петнаесетгодишната историја на Дуна Компјутери е историја на воведување на нови технологии и опрема на македонскиот пазар.
1994
Развој на целосно интегрирани решенија за автоматска идентификација и прибирање податоци (AIDC). Се уште е единствен провајдер на AIDC решенија на македонскиот пазар.
1995
Отворање на првото интернет-кафе на Балканот. Свесни за иднината на Интернетот, им овозможуваат на своите корисници да осознаат цел еден нов свет.
1997
Инсталирање на првата дигитална печатница во Македонија во Државниот завод за статистика, со наша поддршка и обука. Отпечатени се 700 000 избирачки легитимации и избирачки списоци за многу кус временски период и се пробиваат со дигиталните мултифункциски апарати на местото на „големите принтери“.
1997
Потпишан договор со ЕСМ за Utility Meter reading решение и негово интегрирање во постојниот систем на 17 локални подружници.
1998
Позитивно е оценет и одобрен проектот за одбележување на домашни животни со радиофреквентна идентификација (RFID), што се извршува во соработка со Институтот за сточарство при Земјоделскиот факултет во Скопје, кој требаше да биде применет како национална програма за превенција од шап и лигавка.
1998
Имплементирање на сопствено Sales Force Automation SFA решение во неколку големи претпријатија за дистрибуција и продажба, дистрибутери на производите на Nike, Gillete, Unilever, Пивара -Скопје и Coca-Cola.
2000
Спроведен и успешно тестиран пилот-проект за попис на населението и домаќинствата, во соработка со Државниот завод за статистика.
2002
Инсталирање на систем за симултан превод и конференциска опрема во Собранието на Р. Македонија.
2004
Сертификација по ISO 14001: 1996 стандардот, со што стана првата ИТ компанија во Македонија со Сертификат за управување со животната средина
2006
Со потпишувањето на дистрибутерскиот договор, го понуди на нашиот пазар светскиот бренд Apple, на задоволство на голем број вљубеници во врвниот квалитет, модерниот дизајн и ненадминливите перформанси. Отворен е Apple store во Градскиот Трговски Центар, според пропишаните Apple стандардите идентични во целиот свет.
2007
Во ЈП Водовод и канализација успешно е имплементиран интегрираниот информациски систем Ultima Enterprise, комплетно решение на развојниот тим на Дуна Компјутери, кое го покрива целокупното работење на претпријатието.
2008
Започна со дистрибуција на Garmin, лидер во производството на GPS навигациони комуникации и сонарни производи.
Го превзема работењето со Клубот на новинари, совршено место за организирање обуки, семинари, прес конференции, деловни средби или кафе пауза.
ИЗЈАВИ
„Ги слушаме корисниците, ги анализираме нивните сегашни и идни потреби, потоа даваме предлози. Не се обидуваме да им продадеме на корисниците нешто што не им треба. Заедно со нив доаѓаме до најдобрите решенија во однос на нивните потреби и можности, а потоа ги следиме и им предлагаме нови решенија што можат да го унапредат нивното работење.“
Александар Пајковски
„Постојано инвестираме во едукација на нашите кадри, ги следиме најновите светски достигнувања во информатичката технологија. Нашите стручњаци се способни да ги прифатат новите технологии, да обезбедат поддршка и да ги приспособат според потребите на нашите корисници. На тој начин тие учествуват во креирањето и развојот на нивните дејности.“
Коце Петров