Презадоволни сме од сервисот и од поддршката која ја имавме при инсталација на апаратите и успешната имплементација на мултифункциските уреди со SAP системот.
Зоран Крстевски – АЛКАЛОИД
“Просто не знаеме како би работеле без неа. Досега сме задоволни од целосната поддршка која ни е пружена. Имаме добра комуникација со сервисот и сите проблеми се решаваат тековно. Сервисер на Дуна Компјутери ни помогна успешно да решиме ситуација при проблем со факсови.
HIPO ALPE ADRIA - Skopje
„Со Дуна Компјутери имаме потпишано договор за подигнато ниво на одржување. Со овој договор се гарантира времето на одѕив (4 работни часа) и времето на поправка (од 8 до 24 часа) во сите слони на Т-Мобиле на територијата на целата држава. Исклучително сме задоволни од соработката со тимот за сервис и грижа. Нивните интервенции се навремени и квалитетни, што ни овозможува непречено и ефикасно работење.“
Љубиша Најденов IT manager – T-Mobile
Веќе 3 година со Дуна Компјутери имаме договор за одржување на нашите системи за дистрибуција на стока, според кој се гарантира целосна поддршка на опремата и системскиот софтвер за сите наши мобилни дистрибурери низ цела Македонија.
Пандо Костовски- Еуротабак
Машините се во ред и сите останати инсталирани опции. Сметам дека се исполнети очекувањата. Апаратот супер работи и задоволни сме од сервисот како ни излегуваат во пресрет за се она што не ни е јасно, драго ми е што се грижите и го исполнувате договорот за наем.
Славчо Трајанов - ФОН
Задоволни сме од фотокопирите и мултифункциските апарати, бидејќи редовно се одржуваат и немаат никакви проблеми. Пофалба за сервисот.
Дритон Фазлиу – Универзитет ЈИЕ