Барај
одберете јазик
Ви ja претставуваме ULTIMA!

Новиот ERP софтвер на Дуна Компјутери

Дуна Компјутери денес за првпат на македонскиот пазар ја претстави ULTIMA® – комплетно софтверско решение за управување со мали, средни и големи компании.

ULTIMA® е целосно ERP решение, дизајнирано да одговори на потребите на секоја компанија. Со вклучена врвна експертиза и 20-годишно искуство во развивање на интелигентен деловен софтвер, ULTIMA® ги интегрира сите бизнис-функции во еден систем. Со тоа се овозможува јасен преглед и контрола на процесите, а обезбедува и детална анализа на пазарите и купувачите. Со ULTIMA® се зголемува продуктивноста, стабилноста и сигурноста во секоја компанија.

 

Ultima konferecija za mediumi

 

ULTIMA® доаѓа во 4 пакети - Distribution, Standard, Professional и Enterprise. Секој пакет има различни функционалности и предности, од редовно комерцијално и финансиско работење што го обезбедува основниот пакет Distribution, до Enterprise, кој овозможува беспрекорно функционирање на големи и сложени компании.

Ultima paketi


Соопштение за ULTIMA®

©2001-2008 Duna computers. Сите права задржани. contact@dunacomp.com.mk. Тел: 3104 500